| четврток, 6 декември 2018 |

Флора Елези, Албанка со македонско потекло која дипломираше на „Сорбона“ беше гостин на Моден викенд Скопје

Јас сум мла­да ди­зај­нер­ка и се оби­ду­вам пре­ку мо­ја­та умет­ност да ис­пра­там сво­ја по­ра­ка. Но, се­ка­ко, ги зе­мам пред­вид трен­до­ви­те за оваа го­ди­на и нив­но­то вли­ја­ние. Ре­ви­ја­та ќе би­де за­о­кру­же­на со пер­фор­манс, кој ќе има и по­ра­ка за си­те што ќе ја сле­дат. Пред вас ќе има раз­лич­ни кре­а­ции, но си­те ќе но­сат иста, за­ед­нич­ка по­ра­ка, ве­ли Еле­зи

Фло­ра Еле­зи е мод­на ди­зај­нер­ка што имаше ре­ви­ја на Мод­ни­от ви­кенд во Скоп­је, кој поч­на на пр­ви април и траеше до че­твр­ти април. Таа е Ал­бан­ка со ма­ке­дон­ско по­тек­ло, ко­ја жи­вее во Па­риз и не­о­дам­на дип­ло­ми­ра­ше на пре­стиж­ни­от уни­вер­зи­тет „Сор­бо­на“. Мо­то­то на про­лет­но­то из­да­ние на Мод­ни­от ви­кенд во Скоп­је е „Да жи­ве­ат осум­де­сет­ти­те!“. Еле­зи имаше ре­ви­ја на вто­ри­от ден од Мод­ни­от ви­кенд, ка­де што ќе го прет­ста­ви име­то „Еле­зи Па­риз“. Ова е пр­ва ре­ви­ја на Еле­зи на Мод­ни­от ви­кенд во Скоп­је.

Прв­пат учес­тву­ва­те на Мод­на­та не­де­ла во Скоп­је. Со ка­ква ко­лек­ци­ја ќе се прет­ста­ви­те?

ЕЛЕЗИ: Јас сум мла­да ди­зај­нер­ка и се оби­ду­вам пре­ку мо­ја­та умет­ност да ис­пра­там сво­ја по­ра­ка. Но, се­ка­ко, ги зе­мам пред­вид трен­до­ви­те за оваа го­ди­на и нив­но­то вли­ја­ние. Ре­ви­ја­та ќе би­де за­о­кру­же­на со пер­фор­манс, кој ќе има и по­ра­ка за си­те што ќе ја сле­дат. Пред вас ќе има раз­лич­ни кре­а­ции, но си­те ќе но­сат иста, за­ед­нич­ка по­ра­ка.

12472797_914825355281513_2169358222730673369_n

Мо­то­то на ова из­да­ние на Мод­на­та не­де­ла во Скоп­је е „Да жи­ве­ат осум­де­сет­ти­те“! Ви се до­па­ѓа ли таа мо­да?

ЕЛЕЗИ: Се­ко­ја но­ва ко­лек­ци­ја во се­бе има вли­ја­ние од прет­ход­ни­те го­ди­ни или, пак, де­це­нии на­на­зад. Мно­гу ди­зај­не­ри че­сто се на­вра­ќа­ат на мо­да­та од ми­на­то­то, ко­ри­стат де­ло­ви што би­ле атра­ктив­ни во не­кое дру­го вре­ме, а се­га са­мо ги на­до­пол­ну­ва­ат и над­гра­ду­ва­ат, им да­ва­ат свој пе­чат. Де­нес мо­да­та е ме­сто за ре­цик­ли­ра­ње на трен­до­ви­те ка­де што се­кој оста­ва свој пе­чат, не­што свое лич­но што го од­де­лу­ва од дру­ги­те.

Вие сте Ал­бан­ка со ма­ке­дон­ско по­тек­ло, ко­ја жи­вее во Па­риз и што­ту­ку дип­ло­ми­ра­ше на пре­стиж­ни­от и ре­но­ми­ран уни­вер­зи­тет „Сор­бо­на“. Ка­ков Ви бе­ше па­тот до „Сор­бо­на“?

ЕЛЕЗИ: Мо­ра да го наг­ла­сам фа­ктот де­ка сум бе­скрај­но бла­го­дар­на што ја имав таа мож­ност да сту­ди­рам и да дип­ло­ми­рам умет­ност на „Сор­бо­на“. Ток­му овој уни­вер­зи­тет ме на­те­ра се­ко­гаш да да­вам ма­кси­мум од се­бе. Нај­важ­но е што мо­жам да ком­би­ни­рам умет­ност со ан­га­жи­ра­на умет­ност, пре­ку тоа што го ра­бо­там да ис­пра­ќам по­ра­ка до јав­но­ста. 

12891143_914825348614847_6745361518924872912_o

Оста­ну­ва­те да жи­ве­е­те во Па­риз или има­те дру­ги пла­но­ви за ид­ни­на­та?

ЕЛЕЗИ: Па­риз е дел од мо­јот се­којд­не­вен жи­вот, но јас не ги за­бо­ра­вам сво­и­те бал­кан­ски ко­ре­ни. Отка­ко сфа­тив де­ка мо­ја­та ра­бо­та има зна­че­ње и си­ла да про­ме­ни не­што, си ве­тив де­ка ту­ка ќе го до­не­сам нај­до­бро­то од Па­риз.

Ка­ко е воз­мож­но млад и перс­пе­кти­вен ди­зај­нер да ус­пее во Па­риз?

ЕЛЕЗИ: Сѐ е пра­ша­ње на ква­ли­тет, без раз­ли­ка на ра­бо­та­та и на про­фе­си­ја­та што ја ра­бо­ти­те. Лич­но, јас ова не го ра­бо­там за­тоа што та­ка тре­ба, ту­ку за­тоа што, на­ви­сти­на, тоа го са­кам и ужи­вам во тоа. Не­ма вр­ска да­ли ра­бо­ти­те во Па­риз или на не­кое дру­го ме­сто во све­тот. Пра­ви­ла­та по­сто­јат за да би­дат пре­кр­ше­ни. По­себ­но ако сте же­на и ако тре­ба да ус­пе­е­те, тре­ба да ги трг­не­те на­стра­на си­те комп­ле­кси и са­мо да про­дол­жи­те по­на­та­му.

12936480_914825225281526_2000897512971039920_n

Да­ли сте за­поз­на­е­ни со ра­бо­та­та на ма­ке­дон­ски­те ди­зај­не­ри? Би од­во­и­ле ли не­ко­го по­себ­но?

ЕЛЕЗИ: За­поз­на­е­на сум со ко­лек­ци­и­те на Ми­ла Ка­дриу, Еле­на Лу­ка, Ди­ја­на Ќе­ри­ми, Зи­ја­не Ба­киу и За­ва­ла Мо­ха­мад. Со Мо­ха­мед сме, на­ви­сти­на, бли­ски и имам го­ле­ма под­др­шка.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Дими и Ани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top