| четврток, 6 декември 2018 |

Гром удри во македонски голман за време на тренинг

stefan petkovski

Австралискиот голман со македонско потекло, Стефан Петковски, преживеал удар од гром за време на тренинг со неговиот клуб Мелак Јунајтед од Малезија каде што дошол минатата година.
18-годишниот голман ја загубил свеста, по што итно е пренесен во локалниот медицински центар каде што е приклучен на апарати. Сепак неговата здравствена состојба е стабилна, како што информираат од клубот.

– Неверојатно е ова што се случи. Цел ден врнеше ситен дожд, но не очекувавме да има последици – се вели, меѓу другото, во соопштението од клубот.

Громот го удрил и соиграчот на Петковски, Мухд Афик Азуан, но тој поминал само со полесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top