| четврток, 6 декември 2018 |

Салах Абдеслам за неколку недели ќе биде екстрадиран во Франција

salah

Екстрадирањето на осомничениот за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам од Белгија во Франција веројатно „ќе потрае неколку недели“, бидејќи истражните органи го испитуваат за минатомесечната престрелка со полицијата во Брисел, изјави адвокатот на осомничениот Свен Мари.

-­ Тој ќе биде екстрадиран во Франција за неколку недели. Прво треба да биде сослушан во врска со друго дело- истакна Мари, мислејќи на престрелката од 15 март во која бил вмешан Абдеслам.

Белгиски суд на 31 март донесе одлука Абдеслам да биде екстрадиран во Франција. Тој изјави дека сака да соработува со француските власти и Белгија да го екстрадира во Франција. Абдеслам од 18 март се наоѓа во притвор во Бриж. Тој е поврзан со неколку лица кои се вмешани во терористичките напади во белгискиот главен град и е еден од главните осомничени за нападите во Париз на 13 ноември минатата година, во кои загинаа 130 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top