Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејчка, вчера во семејната куќа го раскажал секој детаљ од исчезнувањето на сопругата објаснувајќио што, навистина, се случувало во саботата на насипот каде што пејачката трчала.
-Луѓе таа мене ми беше сè на светот. Ми го чуваше детето од првиот брак. Беше и мајка и домаќинка. Јас сум полумртов човек без неа – изјавил Зоран за медиумите.
Како што пренесуваат медиумите, тој цело време плачел, но успеал да се соземе и ги раскажал сите детали околу исчезнувањето на сопругата, кои еден ден порано ги раскажал и во полицијата.
-Излеговме на насипот, Јелена трчаше, а јас се играв со ќерката Јана. Цело време ја гледав додека трчаше. Во еден момент се занесов во играње со ќерката на некои 20 минути и Јелена ми исчезна од видот. Штом не можев да ја пронајдам со погледот се исплашив – раскажал Зоран и додал дека веднаш почнал да трча во насока каде последен пат ја видел.
-И ѕвонев на телефон, но таа не се јавуваше. Бев преплашен. Трчав со ќерката колку што не носеа нозете. Таа викаше:„Мама, мама!“. Го загубив гласот колку што ја викав. Тогаш сфатив дека некој ја киднапирал. Сите прашувате зошто веднаш не појдов в полиција. Чекав да се јават, да бараат откуп. Мислев каде да најдам пари, колку ќе бараат. Во исто време наши роднини ја бараа на насипот. Не можев ниту да помислам дека некој би ја убил – низ солзи раскажал Зоран Марјановиќ за српски „Телеграф“, кој со Јелена бил девет години во брак.
Зоран на полицијата ѝ раскажал кого сретнал на насипот од моментот кога пејчката исчезнала:
– Сретнав еден човек на велосипед со црвен ранец и еден маж што се шеташе. На полицијата колку што можев ѝ ги опишав овие двајца. Ги прашав дали виделе жена што трча, тие одмавнаа со главата. Таа е силна жена, ова го сторил некој што ја познавал – се исповедал Зоран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.