| четврток, 6 декември 2018 |

Ракети од Сирија паднале на територија на Турција

Две лица се ранети денеска кога ракети истрелани од Сирија паднале на територија на Труција, во пограничниот град Колис, јави приватната агенција „Доган“.

Килис претходно неколкупати беше цел на прекуграничните гранатирања.

Во март, две лица, меѓу кои и едно дете, загинале во напад за кој е обвинетна Исламската држава.

Во меѓувреме турските борбени авиони извршиле воздушни напади на курдските милитанти на север на Ирак и уништиле пештери и засолништа, кои ги користеле бунтовниците, јави државата агенција „Анадолија“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top