| четврток, 6 декември 2018 |

Голема почест за фудбалерите, градот Лестер ќе ги преименува улиците по нивните имиња

fact5-lester

Премиерлигашот Лестер е на чекор да направи неверојатен подвиг оваа година, и да ја освои титулата во Премиер-лигата. Како што пренесуваат британските медиуми, градоначалникот на Лестер, сер Питер Соулсби е подготвен да направи интересен чин. Доколку тимот ја освои Премиер-лигата, тој им ветил на фудбалерите, дека улиците на градот ќе добијат нивни имиња.

– Лестер во минатото им оддавал почит на спортските ѕвезди. Успехот на Лестер е плод на тимската работа, па во градот би можеле да имаме област која ќе се вика Варди, улица Каспер Шмајхел, и пат кое ќе го носи името Клаудио Раниери – истакна градоначалникот на Лестер.

Тимот на Клаудио Раниери позитивно го изненади светот со своите добри игри и резултати, и на шест кола до крајот, тие се лидери во Премиер-лигата со седум бодови предност во однос на Тотенхем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top