| четврток, 6 декември 2018 |

Космос не е единствената дивоградба на Цаноски, сам потврди дека има дивоградба на ФОН

Неколку дена откако рече дека гради во согласност со сите законски прописи, Фијат Цановски сам се демантира, вели градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски

Претставници од фирмата Финечи, чијшто сопственик и основач е Фијат Цаноски на 30 март поднеле барање за легализација на трите катастарски парцели на кои е сместен Универзитетот ФОН.

FonSingle

– Барањето е за трите катастарски парцели на кои е сметен ФОН. Со самото тоа Цановски самиот потврдува дека повторно направил дивоградба. Не само во случајот на Космос, туку сега и самиот потврдува дека во делот на факултетот има направено дивоградба, односно го прекршил Законот за градење. Во овој момент има поднесено само барање, а кога ќе го изработи елаборатот, точно ќе можеме да утврдиме колав дел од површината што ја изградил е дивоградба, дали целиот објект е дивоградба или само дел од него, истакна градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

ТВ Нова претходно обелодени дека Космос не е единствената дивоградба на Фијат Цановски. Според документите Цаноски незаконски изградил и делови од Универзитетот ФОН.

Цаноски го промовираше и студентскиот дом во рамки на Универзитетот. Според признанието на самиот Цаноски целиот објект се уште нема имотен лист, односно допрва треба да биде впишан во Катастарот.

-Ние имаме имотни листови, имаме сега доукнижување за другите катови горе, но овој дел кај што сме сега, има имотни листови, вели Цаноски во изјава за телевизијата.

Објектот на Универзитетот ФОН во Скопје е пуштен во употреба во 2003 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top