Како што пренесоа медиумите резултатите од ДНК анализата на биолошките траги најдени под ноктите на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ ќе бидат готови до крајот на денот.
Во следните неколку часа ќе биде завршена анализата, а се очекува резултатите да ја доближат полицијата до убиецот.
Јелена до последен здив се борела со убиецот, а врз основа на трагите се претпоставува дека го изгребала па се очекува наскоро да биде идентифициран.
Да потсетиме според денешните сознанија, помеѓу Јелена и убиецот дошло до борба. Врз основа на трагите се претпоставува дека таа го изгребала по лицето или телото па на него веројатно се видливи рани и повреди кои настанале за време на борбата со жртвата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.