| четврток, 6 декември 2018 |

Во која земја има најмногу смртни казни?

„Амнести интернешнал“ објави податоци за земјите во кои најмногу се погубуваат лица во текот на една година.

Оваа организација предупедува дека 2015 година била најкрвава во последните 25 години кога станува збор за смртни казни. Минатата година ширум светот се погубени 1.634 лица, што е зголемено за 50 отсто во однос на 2014 година.

160406075.1_mn

Најголем број егзекуции, околу 90 отсто се извршени во Иран, Пакистан, Кина и Саудиска Арабија.

– Владите на многу земји ги кршат основните човечки права поради сигурносни закани во изминатиот период – изјави Кјара Сангиоргио, стручњак во „Амнести интернешнал“.

Посебно е загрижувачка ситуацијата во Пакистан, земјата која своевремено се откажа од смртната казна. Меѓутоа, по талибанскиот напад во училиште во Пашвар во 2014 година Пакистан повторно воведе егзекуција. Минатата година тие погубија дури 326 лица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top