| четврток, 6 декември 2018 |

Коневски: Никој ништо не узурпира, луѓето од трошните куќи ќе добијат топли станови

Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, потенцира дека Аеродром ќе остане најурбаната општина со најголеми зелени површини

Донесувањето на двата нови урбанистички плана од Општина Аеродром се темелат на долгогодишните барања на жителите во старите бараки, информираат од општина Аеродром. По збрката што ја направија некои медиуми со информацијата за наводните противења на граѓаните за предложените ДУП-ови што предвидуваат изградба на нови станбени згради на сегашни слободни површини, општината издаде официјално соопштение во кое ги демантира, а синоќа на истата тема во Топ Тема на Телма телевизија гостиваше и градоначалникт на општината, Ивица Коневски.

ivica-konevski-telma

-Деталните урбанистички планови ги прават урбанистите кои се за тоа образувани и работат во секторот за урбанизам. Секој кој сака да промени нешто има можност и право да поднесе барање за промена на деталниот урбанистички план. Во Аеродром никогаш каде што имало зелена површина не сме изградиле зграда, ниту пак сме нацртале маркица за подоцна да се изгради. Општината во најголем дел се финансира од изградба на нови објекти, а средствата се инвестираат во зеленила, клупи, фонтани и се она што е потребно за добро на општината и граѓаните. Најмногу зелени површини има во Аеродром и градиме уште многу зелени паркови. Се изградија многу фонтани, катни гаражи, се поставија клупи и пешачки патеки кои даваат првичен впечаток за општината. Нема да дозволам уништување на постоечките зелени површини. Како градоначалник ќе се залагам за зачувување на зеленилата кои се препознатливи за нашата општина, рече градоначалникот.

Aerodrom VM

Жителите од трошните куќи ќе добијат топол дом

Тој истакна дека не е точно дека ќе се градат повеќе од 40 згради.

-Донесен е урбанистички план, анкетата е завршена. Тоа се однесува за делот кај Вардариште, тој дел е руиниран и не изгледа убаво. Сакаме да го средиме тој дел од општината. Кај Острово ќе се изгради некоја зграда. Се работи за три локации, две се покрај Железничката станица, каде што сега има трошни куќи и другата локација е кај Мајчин дом, земјиште коешто е приватно. Во моментов имаме неколку изградени објекти и е во градежна зона. Во општината имаше анкета на која граѓаните се изјаснуваа, тоа беше нивна желба и јас го испочитував тоа. Воопшто не беше тоа донесување на урбанистички план, туку нацрт план. Навистина не гледам ништо спорно, имаме петнаесет дена и има доста време да се разгледа планот и да се додаде нешто или да се најде замерка од било која страна. Не се согласувам со мојата соговорничка, секогаш секоја точка била објаснета и образложена. Не е проблемот во тоа како и кој го донел, туку дали навистина има потреба од промена на урбанистичкиот план во Општина Аеродром, вели Коневски.

Аеродром ДУП

Во Топ тема тој потенцира дека намерата на општината не е да се уништат зеленилата, и вели „ќе градиме и ќе дозволуваме градби секаде каде што е дозволено“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top