| четврток, 6 декември 2018 |

И Инфантино не е цвеќе за мирисање, на панамските сметки стои и неговото име

UEFA EURO 2016 playoff draw

Џани Инфантино дојде како човек кој вети ред во светската фудбалска асоцијација, но неполни два месеци по неговиот избор тој веќе е вмешан во првиот скандал и тоа како дел од панамските документи. Угледниот британски весник Гардијан тврди дека потписот на Швајцарецот се нашол меѓу спорните договори околу продажбата на телевизиските права од 2003 до 2006 година и повторно од 2006 до 2009 меѓу УЕФА и аргентинската телевизија Телеамазонас.

Правата за Лигата на шампионите, Купот на УЕФА и Суперкупот на Европа прво се продадени на аргентинската компанија Крос трејдинг, а потоа отстапени на Телеамазонас за три или четири пати поголема сума.

Крос трејдинг е “фирма-ќерка” на Фул плеј која е во сопственост на Уго Јинкис, аргентински бизнисмен кој во моментов се наоѓа во куќен притвор затоа со својот син Маријано поради малверзации со маркетиншки права.

Потписот на Инфантино се појавува на еден од договорите, а потпишан е како директор за правни услуги на УЕФА.

– See more at: http://sportmedia.mk/megjunaroden-fudbal/blater-ima-vistinski-naslednik-i-infantino-vmeshan-vo-panamskite-dokumenti#sthash.5Bd8sUqP.dpuf

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top