| четврток, 6 декември 2018 |

Стојановски: Ако сакаме да бидеме повторно шампиони мора да ја кренеме играта на повисоко ниво

damjan stojanovski

МЗТ Скопје, по очајното прво полувреме на вечното дерби со Работнички, во вториот дел со подобра игра успеа да се врати, а во последните пет минути целосно да го сврте резултатот во своја полза и да забележи победа над најголемиот свој домашен ривал.

Триумфот е тоа што се брои, но „металците“ се свесни дека ќе мора да играат многу поквалитетно во финишот на сезоната и во плеј-офот доколку повторно ја сакаат шампионската круна.

– Во првото полувреме бевме премногу пасивни, не ги послушавме советите на тренерот Јончевски, а кога Работнички се одлепи внесе и нервоза во нашите редови, па не игравме онака како што знаеме. На полувремето се консолидиравме, па во вториот дел заигравме поагресивно и во напад и во одбрана, па на крајот пресуди нашиот квалитет и сметам дека заслужено победивме. Победата радува, но на сите ни е јасно дека можеме и мораме да играме многу подобро, ако сакаме да стигнеме до нова титула – изјави капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски по завршувањето на вчерашниот дерби дуел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top