Бразилскиот репрезентативец во редовите на Атлетико Мадрид, Филипе Луис остро ги нападна судиите на вчерашниот натпревар против Барселона, како и самата УЕФА за наводно штитење на актуелниот европскиот првак.
„Јорганџиите“ вчера загуби од Барса со 2-1 на „Камп Ноу“ во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Во првото полувреме мадридскиот тим имаше предност, но Фернандо Торес доби црвен картон и Барселона во вториот дел направи пресврт.
– Судиите и УЕФА ја штитат Барселона. Ова е тажно, два прекршоци од напаѓач, два жолти картони и тоа го смени целиот тек на натпреварот. Во лигашкиот натпревар заслужено добив црвен картон, тогаш медиумите ме распнаа, но ова беше неправедно. Не знам што треба да направат господата од Барселона за да добијат црвен картон како нас – рече изнервираниот Луис.
Со ова, Бразилецот ризикува да добие казна како што во минатото им се случи на Жозе Мурињо и Мануел Пелегрини поради критиките по натпреварите против Барселона. Мурињо во 2011 година жестоко “распали” против каталонскиот тим и за тоа доби суспензија од пет натпревари и 50 илјади евра. Пелегрини го направи истото во 2014 година и беше суспендиран на два натпревари.
– See more at: http://sportmedia.mk/megjunaroden-fudbal/liga-na-shampioni/filipe-luis-rizikuva-da-pomine-kako-murinjo-uefa-ja-shtiti#sthash.R3bgKdwa.dpuf
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.