| четврток, 6 декември 2018 |

Лазе Трипков е новиот директор на Музејот на современа уметност

Лазе Трипков е новиот директор на Музејот на современа уметност. Тој е избран со решение на Министерството за култура по објавениот конкурс за избор на директор на оваа национална установа, на чие чело во изминатиот период беше Елиза Шулевска.

 

Лазе Трипков

Лазе Трипков

 

Трипков во 1996 година отпочнува студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, и по добивањето на стипендија од Полската Влада во 1998 година своите студии ги продолжува на Академијата за убави уметности во Варшава. Во 2002 година се здобива со титулата магистер по графички дизајн, со специјализација – плакат. Во 2002 ги продолжува студиите на Академијата за убави ументости во Лоѓ, Полска со што завршува едногодишен пост магистерски стаж на смерот дизајн и нови медиуми.

Во 2003 година добива стипендија од Институтот за Источна Европа со седиште во Варшава, за докторски студии на Факултетот за Неофилологија, а подоцна е носител на Фулбрајтовата стипендија за истражувачки проект поврзан со улогата на симболите и иконографијата на Балканските народи во контекст на современите дизајнерски трендови.

Визуелен уметник и графички дизајнер чиј интерес се дигитланите технолошки процеси наспроти социјалниот дизајн. Во 2006 година го оснoва Здружените на граѓани од областа на графичкиот дизајн, филм и мултимедија ПЛАКАРТ, кое активно работи на промоција на визуелните уметности,  улогата на плакатот и уметничките влијанија во контекст на современите социјалните проблеми, со што мултидисциплинарно пристaпува кон обединување на визуелните уметностипреку нејзините најдиректни форми на делување.

Бил член на жири на повеќе реномирани манифестации, меѓу кои: наградата Јозеф Биндер – Австриска национална награда за дизајн;13 Биенале за театарски плакат во Жешов, Полска; Виртуелно Биенале за плакат во Прага во 2013 и 2014; Poster for tomorrow, Париз; член на програмскиoт совет на Варшавско Биенале…Како дополнителен мотив за успешно промовирање и ширење на вредностите на дизајнот и уметноста, во 2011 ja основаплатформата Недела на дизјанот во Скопје (Skopje Design Week), каде активно учествува се до 2014 година.

Kуратор е на повеќе изложби за графички дизајн и визуелни ументости, меѓу кои “Александар Родченко изложба на плакат и 120 години од неговото раѓање” во Музеј на современата уметност, изложбата на Мирко Илиќ во МКЦ, изложбата на современи полски дизајнери во Куршумли Ан  итн…

Поседува повеќе од 15 годишно искуство на полето на културата, визуелната уметност и графичкиот дизајн, и 7 годишно искуство како доцент и предавач пренесувајќи им го безрезервно искуството на своите студенти по теорија и основи на графички дизајн,комуникациски дизајн и типографија, на додипломски и мастер студии. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и на почесната награда од Чешката Асоцијација на графички дизајнери, а во 2005 година е вброен во листата на 80 младидизајнери од Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top