Русија формира Национална гарда за борба против тероризмот и организираниот криминал, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од ТАСС.
– Одлуката е донесена, формиравме нов федерален орган на извршната власт – рече Путин на средбата со началниците на службите за безбедност.
Според него, Националната гарда се формира на темелите на војските на Министерството за внатрешни работи.
За директор на Федералната служба на војските на Националната гарда е назначен Виктор Золотов, се наведува во декретот на претседателот, што е објавен на сајтот на Кремљ.
Путин додаде дека службата за контрола на наркотици и миграциската служба во иднина ќе му бидат потчинети на Министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.