| четврток, 6 декември 2018 |

Тактиката на Зидан со која Реал Мадрид ја победи Барселона на „Камп ноу“

Реал Мадрид успеа да слави на „Камп Ноу“ против Барселона со 1-2, а Зинедин Зидан излезе како победик во своето прво „Ел Класико“ како тренер на „кралскиот клуб“. Шпанскиот спортски весник „Ас“ ги објави нацртите од тактиката на францускиот стратег, со која го надмудри Луис Енрике. Зидан во целост успеа да го сопре Лионел Меси, протокот на употребливи топки кон него во „третата зона“, како и длабинските проигрувања за Луис Суарез.

Првичниот план на Зидан беше да се сопрат Иниеста и Ракитиќ, и нивните проигрувања кон Меси во зоната пред и во шеснаесетникот на Реал Мадрид. За тоа беа задолжени Кашемиро, Лука Модриќ и Тони Крос, со агресивна игра во дефанзивата против креативците во средниот ред на Барселона.

zidan taktika

Зидан имаше подготвена варијанта и доколку Меси се извлече да прими топка речиси на центарот од теренот. Тогаш играчите за врска на Реал Мадрид требаше комплетно да се преструктуираат на најбрз можен начин и да создадат блок пред Аргентинецот, додека играчите од последната одбранбена линија максимално внимаваат на длабинските втрчувања на Луис Суарез и на Нејмар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top