| четврток, 6 декември 2018 |

Храбар муабет: Силувањето, Балерината и обидот на Западот да го ослободи од Зеница

Најголемиот меѓу Србите, најтврдокорниот радикал во Европа, лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, отворено зборува за животот поминат во затвори. Приказната ексклузивно ја донесува Њузвик Србија.

seselj siluvanje

И додека со задоволство раскажува за деновите поминати во хашкиот казамат, сè до сега избегнуваше да зборува за наводното силување на кое бил подложен додека бил во затвор во Зеница.

Михаел Мартенс, дописник на германскиот Франкфуртер ајлемајне цајтунг, наведува дека поранешен политички сопатник на Шешељ, Драгомир Олуиќ, му рекол: „Никогаш не прашувајте го за Балерината. Ќе ве убие“.

Шешељ имал 29 години кога бил осуден на 8 години затвор. Во затворот во некој момент наводно се случило она што за упатените му го донело прекарот Балерина.

Михаел Маретенс се сретнал со Шешељ и го прашал: „Не е тешко да се заклучи дека Шешељ не го сака ова прашање. Неговата улога е улога на силен борец, во патријархална средина, подготвена за насилство. Таквите мажи силуваат, а не ги силуваат“, пишува Мартенс.

Кога го слушнал прашањето, Шешељ останал смирен. „Комунистите остануваат комунисти. Тие ја лансираа приказната за да ме дискредитираат, но тоа воопшто не е вистина… Во затворот само еднаш ме претепаа чувари, на осмиот ден додека штрајкував со глад, а јас не пружав отпор“, му одговорил Шешељ. Факт е дека во секој случај Шешељ никогаш не го сакал тоа прашање, зашто потекнува од насилничко патријархално милје.

seselj

Од друга страна, Олуиќ не тврди дека приказната за силувањето е сигурно точна, но знае дека во затвор така го викале и дека оттаму Шешељ излегол како целосно друг човек.

Во затворот влегол во 1984 година како енергичен млад комунистички интелектуалец, а излегол 8 години подоцна како најрадикалниот српски националист и одеднаш почнал да ги мрази Хрватите и Муслиманите и тоа со ретко видена жестина.

c5a1ec5a1elj

Германскиот весник потсетува дека Шешељ е роден во 1954 година во поранешна Југославија и дека бил доцент на Катедрата за политички науки на Универзитетот во Сараево.

Денеска тој тврди дека не завршил во затвор поради противдржавни активности туку дека се замерил со тогашен висок државен функционер – открил дека неговиот докторат е плагијат.

Во тоа време, потсетува германскиот весник, со сите напори се обидувал да го извади од затвор Амнести интернешнал, па дури во 1984 година во Белград допатувале истакнати членови на германските Зелени Петра Кели и Герт Бастијан за да им предадат на властите петиција од 130 најеминентни интелектуалци Шешељ да биде пуштен од затвор. Во рок од еден ден сите биле депортирани до земјата сите на кои не им било ни на крај памет во што ќе се претвори Шешељ во тој затвор.

šešelj-mladji

Интересно е дека по излегувањето од затвор, во 1989 на условна слобода, Вук Драшковиќ го подучувал азбука на верскиот живот, како да се прекрсти и слично. Ја формирале заедно партијата Српска народна обнова, но набрзо политички се разделиле. Шешељ, во свој стил, почнал да тврди дека Драшковиќ е зависен од кокаин, a овој ја користел секоја пригода на телевизија да го пецне дека е Хрват. Сепак, најголем број Шешељовци се Хрвати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top