| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР: Март потопол и поврнежлив од вообичаено

Средно месечните температури на воздухот во текот на месец март во Република Македонија се движеле од најниската 2,4°С во Маврово до највиоки 10,8°С во Гевгелија. Мерењата покажуваат дека биле измерени 2,6°С во Лазарополе, 4,9°С во Берово, 5,9°С во Крива Паланка, 7,2°С во Охрид, 7,5°С во Прилеп, 8,1°С во Битола, 8,8°С во Скопје, 9,0 во Штип, 9,6°С во Струмица и 10,2°С во Демир Капија

Среднaта месечна температура на воздухот во текот на март годинава била повисока од просечната за околу еден степен. Особено потопла од просекот, и тоа за околу три степени, била првата декада од месецот. Месечното количество врнежи минатиот месец е досега највисоко измерено за овој месец во Скопје и во Струмица. Вредностите на дневниот максимум на врнежи не се надминати, покажуваат анализите на мерењата на УХМР.

Според овие податоци, средната месечна температура на воздухот во текот на месец март во Република Македонија се движела од најниската 2,4 Целзиусови степени во Маврово до највисоката 10,8 Целзиусови степени во Гевгелија. Мерењата покажуваат дека биле измерени 2,6 Целзиусови степени во Лазарополе, 4,9 Целзиусови степени во Берово, 5,9 Целзиусови степени во Крива Паланка, 7,2 Целзиусови степени во Охрид, 7,5 Целзиусови степени во Прилеп, 8,1 Целзиусов степен во Битола, 8,8 Целзиусови степени во Скопје, 9,0 Целзиусови степени во Штип, 9,6 Целзиусови степени во Струмица и 10,2 Целзиусови степени во Демир Капија.

Над просечната вредност била и средната месечна максимална температура, исто како и средната минимална температура на воздухот, и тоа за еден до два степена.

– На сите мерни места (освен Маврово и Лазарополе) апсолутната максимална температура беше преку 20 степени. Исто така, освен во Гевгелија, апсолутната минимална температура беше под нулата, од -6,4 Целзиусови степени во Лазарополе до -0,7 Целзиусови степени во Струмица – се вели во информацијата од УХМР.

Измерените месечни количества врнежи овој месец изнесувале од 72 мм во Прилеп до 173 мм во Гевгелија (63 мм во Охрид, 76 мм во Скопје – Зајчев Рид, 95 мм во Штип, 105 мм во Лазарополе, 197 мм во Крива Паланка, 135 мм во Струмица и 136 мм во Маврово).

– Измерените количини на врнежи на сите мерни места се над просекот за месец март. Во Битола, Крива Паланка, Прилеп, Скопје и во Маврово месечната сума на врнежи е повисока од просечната за двапати, во Демир Капија, Гевгелија и во Штип за трипати, а во Струмица дури за околу четирипати. Месечната сума на врнежи во март 2016 е досега највисока измерена за овој месец во Скопје и во Струмица. Вредностите на дневниот максимум на врнежи не се надминати – се посочува во информацијата од УХМР.

Оваа информација, како што посочуваат од УХМР, е изработена врз основа на мерењата и на податоците од главните метеоролошки станици на метеоролошкиот набљудувачки систем од 1951 до 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top