| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца одговори на забраните –Не ми паѓа на памет да одам во Хрватска!

Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ изјавила дека воопшто не ја засега тоа што Хрватите и го забраниеле влезот во нивната држава. Таа порачува дека никогаш не и паднало на памет да оди кај соседите.

ceca-foto-srbijadanas_0

Хрватското МВР  им изрече дваесетгодишна забарана за влез во земјата на Цеца, лидерот на Радикалите Војислав Шешељ и учесникот во реалното шоу „Фарма“ Кристијан Голубовиќ. Таа забрана Хрватска ја темели врз основ на законот за странци и воопшто не ги засега фактот што токму Цецеа е една од најслушаните пејачки во оваа земја.

ceca

-Никогаш немам влезено во Хрватска, ниту пак некогаш сум имала намера да ја посетам таа земја – изјавила Цеца за медиумите и додала: „Не знаев дека ме ставила на црна листа но искрено да ви кажам мене  тоа воопшто не ме интересира. Всушност не ми е гајле за нивните смешни забрани, моја нога и онака никогаш нема да стапне во Хрватска“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top