Последните две кола во оваа 2016год. НовоЛото 7/34 и дополнителната игра ЏОКЕР донесоа две парични добивки за двајца скопјани.
Киро Цветковски од Скопје, Драчево, кој е редовен играч на НовоЛото7/34 , а никогаш не заборава да уплати и дополнителен Џокер број, својата среќа ја дочека во 26. коло во 2016 година.
Дополнителната игра ЏОКЕР му донесе премија за шест погодоци загарантирана од Државна лотарија на Македонија, во износ од 600.000 денари . Киро верува во своите среќни броеви и постојано ги игра истите веќе многу години наназад. Така и овој пат уплатил осум комбинации и еден џокер број во СРЕЌНОТО МЕСТО ГОГИ , во Драчево.
27. коло, пак се покажа среќно за уште еден редовен играч, Ј.Б. од Скопје , кој во Среќното Место ТОЛЛАКС во Т.Ц. Скопјанка ги одиграл своите среќни НовоЛото броеви , и освои добивка 6+1, која е вредна 460.590 денари . Иако е редовен играч, за овој скопјанец, ова е прва поголема добивка , која сака да ја подари на своите внуци.
Овие упорни играчи на игрите на среќа се доказ дека не треба да се губи надеж, затоа уплатете ги вашите среќни броеви и очекувајте добивки во НовоЛото 7/34 на Државна лотарија на Македонија.
Моментно, премијата за седумка изнесува 13.000.000 денари. Секако не заборавајте ја и дополнителната игра ЏОКЕР, кој за само 20 денари може да ви донесе премија вредна 600.000 денари. Верувајте и трагајте по среќата , бидејќи само кој игра, тој и добива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.