Македонската академија на науките и уметностите, денеска одржа комеморативна седница по повод смртта на академик Глигор Чемерски. Чемерски смртта го затекна како Секретар на Одделението за уметност на Македонската академија на науките и уметностите и во екот на подготовките за неговата претстојна изложба во Српската академија на науките и уметностите.
Погребот на академик Чемерски ќе се изврши на Градските гробишта во „Бутел“ на 5 април во 13 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во Бутел од 12 до 13 часот.
Комеморативната седница за академик Глигор Чемерски ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите на 5 април 2016 година во 11,00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.