Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Диего Годин смета дека Барселона не е составена само од поединци.
Често заслугите за успесите на Барса одат на сметка на Меси, Суарез или Нејмар, но Годин знае дека тоа не е така. Пред новата пресметка на Барселона и Атлетико, вечерва во четвртфиналето од Лигата на шампионите, потенцира дека Каталонците имаат цел тим од кој треба да се чувате.
– Меси е навистина врвен играч и клучен за Барса, но не е тој единствен. Ние, ако сакаме успех, мора да ја запреме Барселона а не Меси. Навистина се радувам на овој дуел. Сега сме уште подобри отколку пред две години. Подготвени сме за новиот голем предизвик. Имаме и ние свои адути. Ќе биде навистина интересно – вели Годин пред денешниот натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.