Дара Бубамара своето учество во хуманитарното шоу „Твоето лице звучи познато“ од недела во недела ги засмејува публика и жирито.
Меѓутоа почна да се шпекулира дека Дара ќе го напушти шоуто и тоа поради Иван Ивановиќ и Владо Георгиев. Таа ги демантира овие гласини.
-Навистина не знам од каде им е на луѓето таа информација. Тоа не е точно!Ова не е шега, ова е шоу програма од хуманитарен карактер, а јас потпишав договор со продукцијата и сигурно не би го прекинала. Вакви можности со кои парите одат кај оние на кои им се потребни, не би прекинала- рекла пејачката.
На прашањето дали и пречат коментарите на жирито таа вели:Зарем мислите дека тоа може да ми пречи. Тука сме да се шегуваме, да играме, да бидеме интересни на публиката. Не е лесно, но тоа го прифатив и ќе одам до крај- додала пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.