| четврток, 6 декември 2018 |

Борко Ристовски нов голман на Барселона

borko ristovskiМакедонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски во следните две години ќе застане на голот на актуелниот европски првак Барселона. Информацијата ја објавија тамошните медиуми, според кои Ристовски веќе потпишал договор на две години и ќе биде замена за ветеранот Даниел Шариќ кој си заминува од тимот на Барса.

барса боркоДоволна препорака за ангажман на популарниот „министер за одбрана“ била партијата против Барса во дресот на Рајн Некар Левен во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Наскоро од Барселона се очекува да го потврди трансферот со што и официјално репрезентативните цимери Борко Ристовски и Кирил Лазаров ќе бидат во ист клуб.

Ако Барселона е новиот клуб на Борко Ристовски, тоа ќе биде негово враќање во шпанскиот ракомет по пауза од девет години. Во 2006 и 2007, тој беше член на Теукро и Алгесирас по што следуваше враќање во Македонија и тоа во тимот на Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top