| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана и Милан водат заедничка битка: „Засега е 15:9, одиме на победа!“

Заедно се дебелееја, заедно ќе слабеат

Тијана успеа својот изглед да го доведе до непрепознатливост откако, исто така, го доведе до непропознатливост изгледот на својот сопруг.

33209-35_79df_1000x1000

Тијана е долго на сцената и отсекогаш била витка, но во последниве години тоа некако се промени, па и покрај висината, стана забележливо дека нафрлила некое килце. А бидејќи со Милан се заедно од речиси самите почетоци на нејзината кариера, можевме да го следиме и неговиот развој од фраер до буцко.

12524294_10153197600255653_5197156190679841697_n

Затоа, како што заедно се пополнија, така решија и заедно да ослабат, па Тијана во последниве месеци напорно работи на себе и успеа да симне дури 9 килограми.

– Милан почна да држи диета и ослабе дури 15 кг, а планира да симне уште толку. Мене тоа ми даде поттик да поработам на својот вишок килограми. Така, кај нас дома последниве недели се јаде нискокалорична храна. Сепак, Вук јаде во согласност со годините – вели Тијана.

milan_i_tijana_465080334

Освен што не јаде висококалорична храна, Тијана и вежба. Најмногу ѝ одговараат кардиоваскуларните вежби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top