Унгарската влада ќе побара објаснување од САД по повод загрижувачките информации од ЦИА во кои Будимпешат се споменува како можна цел на терористички напад, изјави советникот на премиерот за национална безбедност на Унгарија.
Тој реагираше на информацијата објавена во еден полски весник според кој ЦИА ги предупредила некои од безбедносните служби за можни закани на Варшава, Будимпешта и Берлин.
Весникот се повикува на неофицијални медиумски извештаи според кои на средината на март ЦИА испратила предупредување за можни паралелни закани кои требало да се реализираат во текот на „масовните настани“ во споменатите градови.
Баконди вели дека Унгарија не добила никаква официјална информација која се однесува на закани како и дека за тоа дознале од полскиот весник.
Истакна дека Владата информациите за вакви закани ги сфаќа сериозно и дека прави се што е во нејзина мпжност за да ги заштити своите граѓани.
На прашањето дали Унгарија ќе го зголеми нивото на безбеднос во земјата Баконди одговори тека е рано за тоа, но додаде дека Владата секогаш ги проверува информациите пред донесувањето на било каква одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?
-
Анкара издаде налог за апсење на поранешен агент на ЦИА