„Јас ќе бидам твојот чувар, а ти ќе бидеш лошиот затвореник.“
„Откако ги прочитав тие зборови во чет-пораките на мојот сопруг и друг маж, почувствував како на момент кислородот да исчезнува од просторијата. Се сеќавам дека ја ставив раката на градите, барајќи воздух, додека светот кој го познавав почна да се урива околу мене, почнува исповедта на една повредена сопруга“, објавена на порталот „Saloon“.
Беше изненадувачки цивилизиран и подготвен на компромис додека го завршувавме својот осумгодишен брак на суд. Разводот беше готов пред трагата под мојот венчален прстен да успее да избледи. Не можев да го поднесам сожалувањето на луѓето, или нивното исмевање. Затоа што имав две деца кои требаше да ги израснам, одлучив да се преселам стотици километри подалеку. Ќе добиеме нов почеток, далеку од сите кои нè познаваат.
Додека ги средував работите во мојот дом, наидов на транскрипт од разговорот[што го уништи мојот брак. Додека на брзина ги скенирав сега веќе познатите зборови, нешто ново ми го привлече вниманието. Затвореникот зборуваше за интернет страницата на мојот сопруг. Интернет страница? На брзина гуглав.
Бинго, со неколку кликови. Зјапав во фотографиите од пенисот на мојот сопруг. Но, не и во неговото лице, тоа беше непотребно.
Фотографиите биле направени во нашиот дом, на нашиот мебел. Имаше блог на кој ги пишувал своите диви сексуални искуства, а дури и споменал како успешно живее семеен живот на друга страна. Тоа беше болен, траен доказ за лагите на кои беше заснован мојот брак – постовите таму стоеле од самиот негов почеток, мојата прва бременост, раѓањето на второто дете…
Толку години ме лажел и јас наивно верував во работата до доцна навечер, викенд-работите во канцеларија. На блогот пишувал за наоѓањата со странци во хотели, состаноци во близина на училиштето од нашите деца….
Животот ми се смачи. Сега разбрав зошто разводот беше толку лесен – пресметлив каков што е, сакал што побргу да се извлече од се`. Пред ова, дури и го сожалував, верувајќи дека дури и се обидувал да ги почитува своите брачни завети и силно се трудел да оди против своите сексуални склоности, додека не пукнал.
Дали имаше знаци? Па, и не баш. Сексуалниот живот ни беше нормален, имавме две деца. Вистина, никогаш не го доживував како некој страствен љубовник и обично јас иницирав секс, но сепак… Дали погрешив во тоа?
Се` му припишував на стресот, уморот и неговата напорна работа, не ми паѓаше на памет дека имал секс во тројка со двајца мажи тој ден во хотел.
Дали сум јас виновна? Дали потфрлив како сопруга? Како можев да влијаам врз неговите склоности? Ми се гадеше идејата дека спиел со мене откако прошол цела чета на мажи.
Долго време ми требаше да си дојдам при себе, но морав да продолжам понатаму, првенствено поради децата. Фала му на Бога, денес имам подобар живот од претходно, барем не живеам во лага. Тој е уште дел од животот на моите деца, па и од мојот. Децата знаат дека е хомосексуалец и ништо повеќе од тоа. Се надевам дека никогаш нема да дознаат.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Либералната“ левица и поддржувачите на ЛГБТ со навреди кон Зекири и жените од муслиманската заедница
-
Љуми Бекири разочаран: Гласав за живот, не за смрт
-
Кој вика дека тетката не е мајка: Им родила две деца на својот брат и неговиот сопруг
-
Мојата сестра ми призна дека има афера со мојот сопруг 2 години, а јас ништо немав забележано