| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска: Го ограбиле сефот на хрватската полиција, украле злато и девизи

Непознати сторители синоќа провалиле во канцеларијата на началникот на службата за организиран криминал, Жељко Долачки, во зградата на хрватското МВР, во улицата „Хеинзелова“ и украле два килограма злато и 280.000 евра, дознава весникот „Јутарњи лист“.

Утринава бил пронајден сефот на началникот, превртен и отворен, а сторителот или повеќето сторители на вториот кат од зградата влегле преку надворешните противпожарни скали.

Сè уште не е познато дали освен пари и злато се украдени и доверливи документи.

Информацијата за кражбата за „Јутарњи лист“ ја потврди и загрепската полиција. Инаку, на влезната врата од зградата има 24-часовно полициско присуство.

Увидот е во тек, а се дознава дека на местото на настанот се наоѓа и екипа од државното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top