| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот брод тоне, милионите масовно се префрлаат во Австралија и Израел

milioneri2

Сè поголем број милионери ја напуштаат масовно Европа, поради порастот на тензиите на религиозна основа, загриженоста во поглед на кревката економија и приливот на мигранти од Сирија, вели експертот Ендру Амуал од консултантската компанија Њу ворлд велвет.

Според неговите предвидувања, милионерите „во голем број“ ги напуштаат Германија, Франција и Белгија, а најпопуларни дестинации на кои бараат прибежиште се Австралија и Израел, пренесува американската телевизија Си-Ен-Би-Си.
„Три од четири града со најголем одлив на милионери во 2015 година се во Европа, а тоа се Париз, Рим и Атина“, се наведува во извештајот на консултантката куќа.

Француската престолнина има најголем одлив, бидејќи изгубила 6% од својата популација на милионери или околу 7000 луѓе.

milioneri3

Од Рим минатата година си заминале 5000, од Чикаго 3000, а од Атина 2000 жители.

„Франција е тешко погодена од ескалацијата на религиозните тензии меѓу христијаните и муслиманите, особено во урбаните подрачја. Очекуваме миграцијата на милионери од Франција во наредната деценија да забрза поради ескалацијата на овие тензии“.

Франција и Германија имаат најбројна муслиманска популација од сите членки на ЕУ, по 4,7 милиони mмуслимани. Франција, исто така, е татковина на најголем број Евреи во Европа, околу 310.000. Кај сите нив расте стравот од антисемитизам по минатогодишниот терористички напад на еврејска продавница во Париз, во кој загинаа четворица Евреи.

„Околу 80% од милионерите кои минатата година се доселија во Израел, доаѓаат од Европа“, вели Амуал за Си-Ен-Би-Си.

Истовремено, градови со најголем прилив на милионери се Сиднеј, во кој лани се доселиле околу 4000 богати луѓе, па Мелбурн (3.000), Тел Авив (2.000), Дубаи (2.000), Сан Франциско (2.000) и Ванкувер (2.000).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top