| четврток, 6 декември 2018 |

Романот на академик Влада Урошевиќ „Мојата роднина Емилија“ објавен на дански јазик

Романот на македонскиот писател Влада Урошевиќ, „Мојата роднина Емилија“ (со поднаслов: „Осумнаесет затворени раскази што сочинуваат еден отворен роман“) објавен е во оригинал на македонски јазик во 1994 година. По преводите на француски и на германски јазик, објавени во изминатите години, книгата сега, на почетокот од пролетта, се појави и во Данска и во Србија. Во Данска ја објави издавачот Турбине форлагет во превод на Ерик Тау – Кнудсен, а во Србија издавачката куќа Градац во превод на Миленко Пајиќ.
„Мојата роднина Емилија“ е едно од ретките книжевни дела на македонски писатели кои досега се преведени на дански јазик.
И двете изданија се објавени со помош на Комисијата за помагање на преводи на дела од македонската книжевност во странство при Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top