| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца нема да се мажи, но ужива во љубовта!

цеца

Цеца сѐ уште е во врска со младиот манекен Александар и покрај пишувањата на некои медиуми дека нивната врска е завршена. Сега Цеца негира какви било љубовни проблеми и со пријателите за Александар зборува со одушевување. Не крие дека тој ѝ е голема морална поддршка, најдобар пријател и дека ѝ пружа бескрајна љубов, пишува магазинот „Хелоу“.

Неодамна, Цеца со својот млад партнер во интимна атмосфера ја прослави годишнината од врската. Деталите не се познати, но се чини дека криењето станало оптоварување, па прашање на време е кога овој пар ќе го видиме во јавноста, кога ќе ја официјализираат врската. Во вакви ситуации може да се случи децата најмногу емотивно да страдаат, меѓутоа Цеца нема проблеми со тоа, со оглед на тоа дека Вељко и Анастасија ѝ се голема поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top