
Македонскиот цртан филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ е номиниран за специјалната награда на УНЕСКО 2016.
Наградата ја доделува германската комисија за УНЕСКО за детски телевизиски програми кои промовираат разбирање и толеранција на различните култури. „Прасето кое сакаше да биде птица“ има за цел преку приказната да ги научи децата да ги почитуваат различностите и да го разберат значењето на концептите, како еднаквост и рамноправност без разлика на изгледот, говорот…
Цртаниот филм го создаде креативниот тим на НВО „ОХО“. Продуцент е Пеце Талески, сценариото и режијата се на Елеонора Венинова, а анимација е на Симон Стојановски и Диме Ѓорѓиевски. Илустрациите се на Тхе Мичо, а музиката е на Мите Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


