| четврток, 6 декември 2018 |

Регулаторна комисија: Горивата повторно поскапуваат

Бензините поскапуваат за половина денар. Дизелот ќе биде поскап за еден денар.

бензин

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.03.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 денари за еден литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денари за литар во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.03.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 44,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 32,50 ден/лит.

Новите цени на горивата почнуваат да важат од полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top