| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најбогатите Британци?

Русите Алишер Усманов и Лен Блаватник, како и браќата Индијци Сри и Гопи Хиндуја се на првите три места на ранг-листата на најбогатите во Велика Британија, која по 25-ти пат ја објави неделникот „Сндеј Тајмс“

Кога „Сандеј тајмс“ ја објави листата на најбогати Британци во 1989 година, прва беше кралицата Елизабета. Денес на ранг-листата на првите три места има Руси и Индијци. Русите Алишер Усманов и Лен Блаватник, како и браќата Индијци Сри и Гопи Хиндуја, се на првите три места на ранг-листата на најбогатите во Велика Британија, која по 25. пат ја објави неделникот „Сандеј тајмс“.

alisher-usmanov

Алишер Усманов

Богатството на првопласираниот Усманов, кој е сопственик на фабриката за одбработка на железна руда „Металоинвест“ и им 30 проценти од акциите во фудбалскиот клуб „Арсенал“, се проценува на 13,3 милијарди фунти. На второ место е Лен Блаветник, исто така Русин, сопственик на компанијата „Варнер мјузик“ со богатство од 11 милијрди фунти. Третото место го делат Индијците Сри и Гопи Хиндуја, семејни сопственици на глобалниот конгломерат „Хиндуја груп“, која е основана во Индија, а седиштетото ѝ е во Лондон.

hinduja

Сри и Гопи Хиндуја

На четврто место е „кралот на челикот“, Лакшми Митал, Индиецот што живее во Англија, сопственик на „Арчелор Митал“, најголемиот светски производител на челик. Сопственикот на фудбалскиот клуб „Челси“, Роман Абрамовиќ, е на петтото место со богатство од 9,3 милијарди фунти. Дури на осмото место на листата на најбогатите Британци се наоѓа роден Англичнец – Џералд Кавендич Гросвенор, шести војвода од Вестминистер, сопственик на царството „Гросвенор“.

Ричард Брансон, основачот на компанијата „Вирџин“, е на 19. место со 3,5 милијарди фунти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top