| четврток, 6 декември 2018 |

Веруваат во посно, а јадат мрсно: Ако е посно, не е сирење, ако е сирење, не е пост!

Верниците во текот на велигденските пости во маркетите купуваат растителни производи сметајќи дека тие се посни и најчесто не ги читаат декларациите на кои стои дека содржат млечни ензими и траги од млеко, пишува Вечер. Имено, голем дел од растителните производи кои производителите на граѓаните им ги продаваат како посни, всушност не се посни. Дали на овој начин се доведуваат во заблуда купувачите, односно верниците кои купувајќи растителни млечни производи не знаат дека се “омрсиле”.

A slice of Key Lime Pie with whipped cream, Image: 166548677, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, FoodCollection

Голем дел од православните верници кои во текот на велигденските пости консумираат растителни сирења мора да знаат дека тие во себе содржат траги од млеко, односно млечни ензими. Иако има трговци кои искрено велат дека немаат посен кашкавал, посен шлаг или посна павлака, поголем дел од нив ќе ги убедат купувачите дека во текот на постот можат слободно да јадат некои од тие производи. Така денес на полиците во маркетите можат да се најдат посно сирење, посен кашкавал, посна павлака, посен шлаг…, но само на некои од овие производи, стои дека во производството на вакви производи се користат млечни ензими.

kashkaval

Технолозите потврдуваат дека не е можно да се добие сирење или кашкавал без ензими кои водат потекло од млекото. Голем број од потрошувачите ваквите производи ги сметаат за посни и ги користат во текот на постите и за подготовка на посни јадења, меѓутоа ако се види нивниот состав ќе се види дека во поголем дел од нив има казеинат, кој е млечен протеин, велат тие.

Тие потврдуваат дека нема кашкавал кој не содржи ништо од млеко, но производителите дел од млечните масти ги заменуваат со растителни масти. Сирењето кое се добива од растителни масти е многу меко, па затоа производителите му додаваат протеин – казеинат кој е изваден од млекото. Овој протеин е добар стабилизатор и емулгатор и ја врзува водата од млекото и ја зацврстува структурата на производот. Затоа производите кои го содржат овој протеин не се посни.

Cologne specialty Halver Hahn, rye bread with medium-aged Gouda cheese, pickles, mustard and onion slices, Image: 146825972, License: Rights-managed, Restrictions: MR_No, PR_No, Model Release: no, Credit line: Profimedia, imageBROKER

За да се елиминира можноста од доведување на потрошувачите во заблуда, кога станува збор за продажба на производи кои содржат растителни масти или масла, истите задолжително треба да се наведени во декларацијата. Овие производи се продаваат одделно од млечните, на друг, посебен рафт. Млечните производи, вклучително и сирењето и кашкавалот, се производи добиени со преработка на сурово млеко. Доколку со технолошкиот процес на производство се дефинирани други состојки, тогаш тој производ е надвор од дефиницијата за сирење. Согласно законските и подзаконските акти кои ја регулираат оваа материја, производителот не смее производот да го декларира како млечен, ако истиот не е направен исклучиво од сурово млеко.

Сирењето или кашкавалот не можат да се декларираат како растителни, бидејќи согласно со Правилникот за барањата за квалитетот на суровото млеко, стандардите за квалитет на консумното млеко, млечните производи и употребата на нивните називи, квалитетот на активноста на стартер културите, сирилата и други специфични материи, и начинот на нивна употреба, начинот на дополнително означување на млекото и млечните производи, како и дозволеното отстапување на тежината во однос на декларираната – таков производ не постои. Дозволено е таквите производи да се декларираат како растителен производ, но не и како сирење или кашкавал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top