Момчето на Пратјуша Банерџи, боливудската актерка која изврши самоубиство, открилo морничави детали за тоа како го нашол нејзиното мртво тело во нивниот заеднички стан.
Пратјуша е пронајдена обесена на тавански вентилатор. Нејзиното момче Рахул Раџ Синг ѝ ја дал и првата изјава на полицијата по нејзината смрт во која открил дека тој ја пронашол во нивниот заеднички стан, но поради шок, не размислувал и не се јавил веднаш во полиција.
-Живееме во двособен стан. Имавме само два клуча. Едниот клуч беше кај Пратјуша, а другиот кај мене. Кога влегов во спалната соба ја најдов Пратјуша како виси на вентилаторот. Многу се исплашив. Веднаш ги повикав соседите и со нивна помош ја однесовме во болницата Коклиабен. Мислевме дека е жива, но не беше. Премногу бев исплашен и шокиран што воопшто не ми текна да ја повикам полицијата. Откако лекарите ми соопштија дека таа е мртва му се јавив на семејството на Пратјуша и на неколку наши блиски пријатели – изјавил Синг.
На погребот, починатата актерка ја облекле во венчаницата што таа неодамна ја нарачала. Пратјуша и Синг наскоро планирале венчавка, а пред два месеца го посетиле нејзиното семејство и тој побарал дозвола од нејзиниот татко.
На погребот присуствуваа колегите и членовите на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.