| четврток, 6 декември 2018 |

Пресврт: Медиумите ја обелоденија причината поради која Малечката невеста крена рака на себе ?!

Медиумите пишуваат дека актерката била страшно понижена во јавноста.

spekt-mala-nevesta

Веста дека ѕвездата на  „Малечката невеста“ , Пратиша Банерџи (24), извршила самоубиство  го потресе светото.

Како што пренесува порталот spotboye.com, Патриша тој ден била видена со свршеникот Раул Раџ Сајан во градот Малад. Наводно двојката имала голема расправија,а  караницата завршила со шлаканица – Рахул силно ја удрил својата свршеница.

Screenshot_2

Пратиша по шлаканицата  паднала . Луѓето кои биле сведоци на нивната расправија биле збунети поради тоа што свршеникот ја оставил да лежи на земја и не и помогнал да стане.

Неколку часа подоцна,   „ Малечката невеста“ се обесила во својот стан во Мумбаји , а нејзиното безживотно тело го пронашол токму тој.

Screenshot_1

Порталот наведува дека актерката била исклучително понижена поради скандалот во јавноста.

Нивната љубовна приказна личела на индиска бајка. Со време станала турбулентна, нивниот однос станал поприлично затегнат и имале сериозни проблеми поради брачните планови. Но никој не можеше да помисли дека ќе има трагичен крај.

Смртта на убавата Пратиша е мистерија, а полицијата се уште го истражува случајот.

mala-nevesta-sa-verenikom-1459592770-84644

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top