Кога младата, убава и едвај облечена Ализа Карчева пред три години му испрати на претседателот на Русија маче за роденден, многумина превртуваа со очи на нејзиниот очајнички начин да привлече внимание. И не само тоа, беа убедени дека во купот секакви дреболии и чудни подароци кои му пристигнуваат за роденден од целиот свет, нема ниту да го забележи мачето на Алиса. Три години подоцна, изгледа тоа беше најитриот потег на поранешната мис на Русија и студентка по новинарство.
Според Дејли меил, оваа 22-годишна убавица, за која јавноста првпат слушнала кога позирала едвај облечена на снимањето на секси календарот за Путин како Мис април, сега живее во луксузен стан во елитен московски кварт. Не е јасно како успеала да си дозволи толку луксузен имот и обезбедување, а ако се следат парите, патот води до еден од најблиските соработници на Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.