Осум лица, вклучувајќи и три деца, загинаа во пожар во дрвена куќа во село во Сибир, соопштија денеска руските власти.
Несреќата се случила синоќа во селото Молтшаново, на околу 200 километри од градот Томск, во југозападен Сибир.
Пронајдени се седум тела: три жени, двајца мажи и две деца. Уште едно дете почина подоцна в болница, се наведува во соопштението на сибирскиот Истражен комитет.
Како што јави ТАСС, причината за пожарот сè уште не е позната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.