Утре во 11.00 часот на плоштадот „Македонија“ концерт ќе одржи Градскиот дувачки оркестар. Членовите на оркестарот ќе изведат: Младинска чекорница, Вардаре македонски, Патриотска чекорница, Вашингтон пост марш, 3.Македонска бригада, Огномет на слободата, Во спомен на Ваташа, За сите деца, Дикси парада, Работнички.
Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, составен е од членови, главно, професионални музичари, како и од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.