| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Камерниот оркестар на Битола

Камерниот оркестар на Битола кој работи под патронство на битолскиот Центар за култура, вечерва, 4 април, ќе го одржи својот прв годинашен концерт „Под московските вечери“.

Станува збор за целовечерен концерт на руски композитори и романси, под диригентсво на Алесандро Д’ Агостини, а на кој ќе настапат Марјан Николовски-тенор, Наде Талевска-сопран и Драган Микаровски-баритон.

– Минатата година камерниот оркестар на Битола беше исклучително успешен со 5 концерти, а годинава освен во нашиот град очекуваме да учествува на затворањето на „Скопско лето“. Задоволство е што со камерниот оркестар на претстојниот концерт ќе биде гостинот од Италија, диригентот Д’ Агостини и тоа, по 2014 година, е негово второ гостување и заеднички настап со камерниот оркестар на Битола, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top