Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а дневната од. 21 до 26 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе изнесува 7, максималната ќе достигне до 24 степени.
Времето во наредните денови ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ. Ќе преовладува претежно стабилно и топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела ќе има услови за локален дожд, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.