| четврток, 6 декември 2018 |

Шари и текстури, домашни и странски дизајнери на вториот ден на Моден викенд Скопје 13

Студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет,  модната куќа „Линеа“, „Elezi Paris“, Тијана Младеновиќ и Ирина Тошева ги прикажаа најновите колекции на вториот ден на тринаесеттиот Моден викенд Скопје , вчеравечер во салонот „Порше Македонија“.

5a174cb3-d322-44b6-aca0-7e3bc8c54080

14ce2e68-6c1b-4adf-a45e-d20eb895ae0b

9f9b4c53-4f77-4350-8ba3-f8f9db79ae8f

„Шари и текстури“ е насловот на годинашната тема со која се претставија студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Република Македонија. Идејата дојде преку актуелните тенденции кои се значајни во однос на дизајнот на текстил и кои во сите временски сезони се актуелни и модерни. Уникатноста на моделите на студентите освен во кројната база и моделирање, автентичноста ја акцентираат и со апликација на дизајниран материјал кој како основа е создаден со различни техники на везење, сликање, дигитален печат и многу други техники.

8df482b1-5177-421a-abdd-afae26db79bf

45312adf-15c0-4c82-9a5c-c3896ef59597

7f4f1c92-ce6b-4d20-b02e-83f3d271e187

Македонскиот моден бренд „Линеа“ се претстави со колекција за сезоната пролет/лето 2016 која содржи пет различни теми. Сите креации се со различни принтови и претежно пастелни бои. Моделите се достапни во салоните во Скопје, Кавадарци и Штип.

Флора Елези која ја потпишува етикетата „ Елези Париз“ а најновата колекција се состои од лични чекори и го поврзува Париз со Балканот. „Изворот на инспирацијата се појавува од женската сила бидејќи секоја жена се соочува со широк спектар на дизајнирани модели и на тој начин ја претставува својата личност“, вели Елези која живее во Париз и за прв пат се претстави на Моден викенд Скопје.

ceaf33d0-40ec-438f-9952-874d5a15aa7a

19841638-9d0b-463a-8360-b3304912aeb1

eadac690-984c-452f-9da7-4fe2c8d668b8

595d51cc-006e-46fd-922c-2492e16d96b1

Ново име на Моден викенд Скопје е и српската дизајнерка Тијана Младеновиќ со колекцијата „Шинигами“ (Shinigami) инспирирана од јапонската митологија и духот на смртта. Поради тоа креациите се во црна и сива боја и наликуваат на кимона. Младеновиќ во Скопје дојде преку соработката на Моден викенд Скопје со српската модна организација БАФЕ.

8113663f-8180-4e29-838a-94945efcfd08

4b736b7b-7a6c-4976-9c51-f673ff75ffec

141b58cd-a8ee-411d-afcb-6546d8a867b1

За крај на втората вечер испратена со музиката на „Архангел“ се одржа ревијата на Ирина Тошева. Тошева нуди ново читање на ризницата на национални ракотворби. Во соработка со архитектот Никола Кунгуловски, колекцијата ја екстрахира геометријата на највпечатливите везови од минатите столетија. Користејќи ги најновите технологии за тродимензионално печатење се прави вистински превод на совршените, но и груби текстури од историјата на нашата мода.

cd369ed9-33b1-4779-b59d-79814db8637b

2c321c4c-a591-4e10-a623-f9b08ac5e8b8

003dd29e-cfda-426a-850e-2491f7907c2e

159a017c-8782-4cba-a443-65cb24a6532e

фото: Дими и Ани

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top