| четврток, 6 декември 2018 |

Иџе во деби настапот во ЕТЦЦ успеа да освои бодови

idze

Игор Стефановски Иџе имаше успешно деби во ЕТЦЦ шампионатот откако македонскиот автомобилист и покрај прболемите со возилото успеа да оствари солиден пласман и да освои први бодови во оваа силна конкуренција.

Стефановски, кој претходно две години по ред беше европски првак во шампионатот за ридски патеки, добро се снајде на патеката „Пол Рикард“ во Франција. За жал, уште на самиот почеток од првата трка тој имаше судир со друго возило, што го оневозможи да вози онака како што знае и умее, па Македонецот го освои само единаесеттото место.

Неговото учество во втората трка дури и беше неизвесно, но механичарите завршија одлична работа оспособувајќи му го возилото. Македонскиот автомобилист одговори со одлично возење во втората трка, во која стигна до седмото место, што му ги донесе и првите бодови во ЕТЦЦ.

Победник на денешната трка беше Чехот Петр Фулин, пред Петер Рикли од Швајцарија и Норберт Наѓ од Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top