Иако сонцето е извор на животот и на здравјето, но во ова време од годината може да биде главна причина за несониците, заморот , за главоболките и слабата конценбтрација. Тогаш и баш не му се радуваме сите бидејќи не влече кон креветот, главата ни паѓа, нозете ни стануваат тешки, а концентрацијата ни е на резерва.
Повеќето од нас имаат проблеми со нискиот притисок, па воглавно оние кои ги погодува таа мистеризна болест наречена „пролетен замор“ честопати одат со очи на „половина копје“, полудепресивни или раздразливи.
Кое оружје е најефикасно против ваквиот непријател?
Ако притисокот ви е постаојано низок тогаш се препорачува секое утро да испиете чаша лимонада, благо засладена, или да изедете по две парчиња грејпфрут штом ќе станете од кревет.
Наместо бел леб препорачливо е да јадете црн или леб од ориз.
Се препорачува и да се јаде овошје и зеленчук во интензивни бои – ротквички, тиквички, зелена салата, моркови.
Бојата го зголемува хормонот на среќата и го активира целиот организам. И се разбира секој слободен момент посветете го на прошетките во природа.
Ако наутро се чувствувате мрзоволно, без енергија, и не сте спиеле цела вечер – верувале или не, еден од најлесните начини здраво да се разбудите е да запеете штом ќе отворите очи. Првин тивко, а потоа се погласно .
Ако не сте расположени за пеење може и на глас едноставно да ги изговарате самогласките :а,е,и,о и у.
Доколку сте раздразливи и депресивни запомнете дека витаминот Б6 е чувар на нервниот систем. една лажица пивски квасец разматете ја со вода и испијте ја пред спиење. Овесна каша, сварена со млеко и засладена со ливадски мед може убаво да ве расположи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.