Португалскиот дефанзивец Пепе водеше напорна битка со „магичното“ напаѓачко трио на Реал Мадрид и излезе како победник во таа битка, не дозволувајќи Меси, Суарез и Нејмар да се запишат меѓу стрелците. Нормално, радоста на крајот беше огромна, а Пепе се осврна на сите оние кои го критикуваа Реал Мадрид во пресрет на ова „Ел Класико“.
– Нели требаше да примиме четири или пет гола, Барса да доминира и убедливо да слави. Сите тие коментари, заедно со оние дека Кристијано не дава голови на големи натпревари, ни послужија како дополнителна мотивација. Дојдовме овде, одигравме извонреден тимски натпревар и заслужено победивме против голем ривал. Чувството е одлично и ќе ни даде самодоверба во финишот од сезонава. Титула? Се уште сме предалеку, но фактот дека го носиме дресот на Реал е обврска за секој од нас да даде се од себе на секој натпревар – изјави Пепе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.