На 84-годишна возраст, почина легендарниот италијански фудбалер и тренер Чезаре Малдини, татко на Паоло. Како играч, од 1954 до 1966 одигра над 400 натпревари во дресот на Милан, освојувајќи со него четири шампионски титули во италијанското првенство и една во тогашниот Куп на европски шампиони во 1963 година. Како репрезентативец, забележа 25 настапи за италијанската репрезентација и партиципираше на Светското првенство во Чиле во 1962 година.
Играчката кариера ја заврши во Торино, а потоа почна тренерска и тоа како помошник во Милан во периодот од 1972 до 1974 година. Најголемите успеси како тренер ги оствари со италијанската репрезентација до 21 година со која освои три титулик во серија, во 1992, 1994 и 1996 година, исфрлајќи на површина фудбалери како Франческо Тоти, Џанлуиџи Буфон и Фабио Канаваро. Во 1996 година стана селектор на сениорската репрезентација на Италија која ја водеше на Мундијалот во 1998 година и загуби од домаќинот Франција во четвртфиналето на пенали.
Како човек со огромни заслуги за фудбалот, неодамна беше вклучен во Куќата на славните на Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим