| четврток, 6 декември 2018 |

Молотов коктел фрлен пред турскиот конзулат во Солун

по

Маскирани лица утрово фрлиле рачно изработени бомби од типот Молотов коктел против полицајци од силите за борба против безредија, кои биле на служба пред турскиот конзулат во Солун, јави грчкото издание „Нафтемборики”, пренесува БТА.

Според полицијата, напаѓачите биле околу дваесетина лица и дошле од зградата на универзитетот, кој се наоѓа во близина на турскиот конзулат. Тие го нападнале со бомби обезбедувањето на конзулатот и потоа избегале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top