| четврток, 6 декември 2018 |

Бомба во халата во која требало да дојде Вучиќ

бомба

На халата во Зубин поток во која било планирано претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ денеска да се обрати пред граѓаните на Косово и Метохија, околу три часот по полноќ фрлена е бомба и пукано од автоматско оружје, јавува РТС.

Во халата за време на нападот имало десет работници кои ја монтирале бината. Немало повредени и сите работнции се на безбедно.

Полицијата излегла на терен и врши увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top