Големото срце на Тамара за малку ќе беше жртва на измама.
Македонската пејачка тргна во хуманитарна акција да испрати пакет-помош , а упати и апел до тие што сакаат да помогнат да ѝ се приклучат на акцијата.
Апелот бил успешен и се собрани неопходните работи за самохраната мајка во Струмичко.
Но, сега Тамара објавува дека, всушност, се работи за лажна приказна.
„Дечки пак јас… таа што ви ја пишав самохраната мајка вчера, денес се испостави дека е преварант. Ви благодарам на сите хумани луѓе што сакавте да учествувате, од сега имате задача да барате во кои вистински раце да отидат стварите кои ги собрав“- напиша Тамара на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.